Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило шест тешки кражби во Скопје.

Осомничениот 20-годишник делата ги извршил во периодот од 29 ноември минатата година до 6 јануари. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари.

Со оглед на тоа што постојат околности дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, а притоа се работи за лице кое и претходно е осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.