Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело „убиство“. Со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Како што соопштија од Обвинителството, станува збор за немилиот настан од 29 декември 2018 година кога обвинетиот околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот.

-Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот, нанесувајќи му смртоносни убоди со нож-велат од ОЈО.