Прилепското Основно јавно обвинителство, соопштуваат од ЈОРМ, до судот поднесе обвинителен акт против тренерот по џудо (46) за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата. Имено тој се обвинува дека сторил продолжено кривично
дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетитот, се вели во соопштението, како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години, четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен
предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​ Ка.М.