Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави обвинение против едно лице за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица Христофор Жефаровиќ во Скопје на 11 јуни, полицијата пронајде 11,45 грама кокаин спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Осомничениот неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка „цз100“ со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.

Поради можност осомничениот да избега или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор.