Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак, по што се дал во бегство, информира МВР.

Жената се здобила со тешки повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.