Mладо момче натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи.

Подоцна насилникот беше нападнат од друго момче.

СВР Куманово по споделувањето на видеата соопшти дека презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

– За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката – велат од полицијата.

Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирањето ќе следува соодветен поднесок.