Фото: Илустрација

На регионалниот пат Радовиш – Штип, пред штипското село Лакавица, полициски службеници запреле патничко возило „Мерцедес“, управувано од 34-годишен скопјанец, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја.

Возачот С.Р. и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.