Полицијата открила присуство на малолетници по полноќ изминатиот викенд во два угостителски објекта, информираат од СВР Струмица.

Контролата била извршена во повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје во Струмица.

По целосно документирање на констатираните прекршоци Полициската станица од општа надлежност ќе поднесе барања за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Струмица.

Од СВР Струмица додаваат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина и затоа апелираат до сопствениците на угостителските објекти да ги почитуваат позитивните законски прописи.