Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава за бомба.
– Вечерва околу 19:10 часот е добиена дојава дека има непозната направа на бул. Партизански одреди во Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки за обезбедување на просторот и упатени тимови за проверки по што е утврдено дека станува збор за две ваги. Сообраќајот по булеварот се одвива нормално – велат од МВР.
Претходно блокирана беше целата улица од Архитектонскиот факултет до „Силбо“.