Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лицето А.Р. поради постоње на основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Како што се наведува, пријавената А.Р. во текот на 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, иако била свесна дека истата не е сопственик на недвижен имот – градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 344 метри квадратни и градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 982 м2, а кој имот е во сопственост на Репблика Македонија, во Агенција за катастар на недвижности во два наврати употребила две фалсификувани јавни исправи како правен основ врз основа на што побарала запишување на правото на сопственост, кој имот потоа бил запишан на име на пријавената А.Р.

Со наведените дејствија пријавената А.Р. сторила кривично делофалсификување исправа по член 378 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.