Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 557 санкции, меѓу кои 93 за брзо возење, 59 за технички неисправни возила, 52 за возење без возачка дозвола, а казнети се и 16 мотоциклисти.

Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – соопштија од МВР.