фото: Маја Јаневска Илиева

Пожарот што ја зафати напуштената барака на поранешниот суд за прекршоци во скопскиот парк е изгаснат. Според првичните информации, огнот зафатил и дел од хотелот „Томче Софка“. Има материјална штета, а нема повредени.
Бараката е во сопственост на Основен кривичен суд –Скопје, а внатре имало и документација оставена по селењето на одделот за прекршоци во судската зграда на стариот кривичен суд во комплексот судови.
Од противпожарната бригада на Скопје велат дека имале проблеми со уличните хидранти поради што морало да се носи вода со цистерни. Околните надземни хидранти до блиските објекти не функционирале, а најблискиот исправен хидрант бил до Министерството за земјоделие.