Во тешка сообраќајна несреќa загина возач на мопед на магистралниот пат село Подмоље-Кичево.

Несреќата се случила вчера во 19.10 часот кога патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско удрило во мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта-општина Дебарца.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.