Едно лице загина, а три лица се повредени синоќа во пукање пред салата „Темподром“ во Берлин, која беше домаќин на вечер на турска комедија, јавуваат германските власти.

Во соопштението се вели дека неидентификувани лица отвориле оган и избегале, пренесува АП.

Агенцијата додава дека не е јасно дали пукањето е поврзано со настанот во „Темподром“.

Берлин има една од највисоките стапки на убиства по глава на жител меѓу европските метрополи.