Фото: Игор Бансколиев

Министерот за надворешни работи во Владата на Македонија, Никола Димитров, се огласи на Фејсбук по вчерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во која поради основани сомненија беа приведени Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски Кичеец за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.

– Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи. Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно – стои во дел од објавата на министерот Димитров на Фејсбук.