Фото: Игор Бансколиев

Вработен во Македонска пошта – подружница Тетово, Долно Палчиште, неколку месеци крадел пари од сметката на пензионер. Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци.

Пријавениот В.С.(32) од тетовско, во периодот од јануари до 28 април оваа година крадел пари од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примателка на пензија. Пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштете ата и го извршил и кривичното дело злоупотреба на лични податоци. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал – соопштија од МВР.