Вчера во 13:15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М.(44), враќајќи се наназад удрило во два мопеда „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.