Во текот на јули и август годинава полицијата спровела зајакнати контроли за откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци направени од мотоциклисти.

Како што информираат од МВР, во овој временски период биле констатирани 1.529 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, при што 326 лица возеле мотоцикл без возачка дозвола, 154 учесници управувале нерегистрирани мотоцикли, 855 не користеле кацига, а утврдени се и 121 други прекршоци направени од страна на мотоциклисти.

При контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничката исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан бидејќи е предмет на сомнение за сторено кривично дело.