Фото: илустрација

Во индустриска зона во с.Василево приведен е 41-годишен жител на скопското село Зелениково, кој управувал товарно возило „фиат дукато“ во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени 30 мигранти (29 од Авганистан и еден од Пакистан).

Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за возачот било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.