Жител на селото Пашино Рувци од Кривогаштани при вршење на земјоделски работи во својот двор пронашол неексплодирана граната кал.75мм од Првата светска војна.

Експлозивната направа е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.