фото: МВР/Илустрација

По претходно добиени оперативни сознанија, денеска бил извршен полициски претрес во селото Каратманово, општина Лозово, во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства.

Како што информираат од МВР, при претресот кај 55-годишник со иницијали З.Р, извршен со судска наредба, биле пронајдени над 3.000 парчиња пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.