Фото: Игор Бансколиев

Возач на автобус на ЈСП на линијата 24 синоќа нападнал патник, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, на настанот претходело недоразбирање.

– Преземени се мерки за расчистување на инцидентот што се случи синоќа во возило на ЈСП на линијата 24 меѓу возачот и патник, при што од видеоснимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот – соопшти ЈСП Скопје.

Денеска, како што се посочува во соопштението, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.