Ноќеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени биле контроли во неколку угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што од слобода се лишени 10 лица. Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.