Полициски службеници од Националната канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал од Загреб, во соработка со полициски службеници, заедно со полициската и царинската управа на Република Хрватска, спроведоа истраги над шестмина странски државјани поради постоење на основано сомнение за направени кривични дела злосторничко здружување, недозволена трговија и давање мито. Еден од осомничените имал и хрватско државјанство.
Истрагата била поведена поради сомнеж дека криминалната група планирала, организирала и реализирала континуирано шверцување големи количества цигари од Обединетите Арапски Емирати преку територијата на Хрватска.
Членовите на групата обезбедиле непречен трансфер на пристаниште за цигарите да пристигнат во контејнер со брод до Загреб, каде што документите гласеле на друг вид стока. Во контејнерите била поставена декларираната стока, а во преостанатиот дел од контејнерот биле ставени цигарите.
За да не бидат фатени, тие дури си обезбедиле и конекции во царинската управа, користејќи мито и корупција, за да обезбедат непречен превоз на цигарите.
Според полицијата, надлежните се сомневаат дека од Дубаи со бродови организирале да пристигнат контејнери со најмалку 90 тони, односно 5.798.400 цигари без маркици, а досега успеале да внесат 35 тони, односно 2.539.200 кутии шверцувани цигари. Цигарите потоа ги пренесувале во Словенија, Унгарија, Полска и други европски земји.