Фото: Принт-скрин

Момче од Македонија се удавило вчера околу 18 часот на плажата „Утјеха“ во Црна Гора, објави црногорскиот портал „Приморски“.

Според информациите на порталот, 22-годишното момче вчера пристигнало во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде што требало да работи.

На телото немало траги на насилство.

Треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција.