Фото: Горан Анастасовски

Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Противпожарни екипи со возила се на терен и го гасат пожарот.

Огнот зафатил и пластични материјали што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.

Фото: Горан Анастасовски