Илустрација/Фото: Игор Бансколиев

Воз прегази двајца мигранти на пругата помеѓу железничките станици Миравци и Клисура.

Според информациите, несреќата се случила ноќеска по 2 часот по полноќ, а мигрантите лежеле на пругата кога возот ги прегазил. Тие од здобиените повреди починале на самото место на несреќата.

Товарниот воз сообраќал на релација помеѓу станиците Гевгелија и Товарна Трубарево

Увид извршила увидна екипа од полициска станица Гевгелија.