Фото: Игор Бансколиев

Автомобил се судрил со две товарни возила во сообраќајка што се случила околу 10 часот на булеварот Борис Трајковски во Скопје.

Фото: Игор Бансколиев

Две лица се здобиле со повреди во несреќата, по што биле пренесени во скопската градската болница „Свети Наум Охридски”, пренесоа медиумите повикувајќи се на информации од МВР.