Вработен во затворот „К’шање” во Куманово во вечерните часови на 1 април пријавил дека дошло до физичка пресметка помеѓу двајца затвореници.

Во тепечката учествувале 30-годишен затвореник од село Ропаљце, Липково и 25-годишен кумановец.

Во пресметката настрадал 30-годишникот кој бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му биле констатирани тешки повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид во затворот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.