Фото: Пиксабеј

СВР Куманово поднесе кривични пријави против В.М.(51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С.Ј.(25) од Радовиш, Р.М.(24) од Струмица, О.Ј.(23) од Радовиш, Џ.С.(43) од Радовиш, М.Р.(25) од Радовиш, С.С.(18) од Радовиш, Е.С.(47) од Радовиш, Е.Д.(65) од Радовиш, К.Р.(23) од Радовиш, С.Д.(67) од Радовиш и А.М.(24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР-тестови за ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји.
Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 9 октомври 2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на граничен премин „Табановце“.