Невремето кое ја зафати Битола им донесе многу проблеми на битолчани, но и предизвика голема материјална штета.

Од невремето најмногу настрадаа две паркирани возила на улица Булевар 1 мај, до пералната, откако старото дрво на булеварот кое се откорна и ги потисна истите. Едното од возилата беше подготвувано за свадбена веселба.

Денеска екипи на ЈКП „Водовод“ Битола и ЈП „Комуналец“ го расчистуваа местото каде се падна дрвото и ги отстранија возилата. М.М.