Фото: Илустрација

Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајот се одвива непречено за патнички автомобили, преку алтернативен пат.

– Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,ауди А4″. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница – појасни Самарџиев.