Фото: Макфакс

„Убијци“, „фашисти“, „СОНК убијци на деца“ се само дел од натписите кои биле испишани во текот на ноќта на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Ова доаѓа откако пред два дена имаше и закани кон директорката на градинката, како и вработени во истата градинка. Ѕидовите на објектот се ишарани во текот на ноќта. Состојбата утрово први ја затекнале вработените. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александарт Стојкоски, бара итно пронаоѓање на сторителите.

Фото: Макфакс

– Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР под итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира – вели Стојкоски.

Фото: Макфакс

Во текот на неделава, родител на две деца кои биле згрижувани во градинката вербално напаѓаше вработени. За него беше неприфатливо решението, неговите деца поради штрајкот да бидат сместени во друг објект. Непознато е дали тој случај е поврзан со овој.