Четириесетгодишниот скопјанец Ж.С., за кој на 9-ти декември 2021 година било пријавено дека е исчезнат, вчера бил пронајден починат во околината на Волково.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.