фото: Илустрација

Неколку минути пред пладне, во двокатен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој, за среќа, нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

Во моментот на опожарувањето автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, информираат од ЈСП.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излегла на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатирала дека пожарот избувнал во делот каде што се наоѓа моторот.
Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, велат од ЈСП.

Возачот употребил два ПП-апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.