Во водите на Охридското Езеро е пронајдено тело на маж. Според информациите, телото било пронајдено вчера на плажа во близина на авто-камп кај Струга.

На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.