Илустрација/Фото: Архива

Цистерна се преврте на скопската обиколница кон Тетово, пренесуваат повеќе медиуми.

Моментно се блокирани двете ленти од патот и сообраќајот е целосно во прекин, додека се работи на отстранување на возилото.

Според неофицијални информации, цистерната била празна и нема повредени во несреќата.

МВР моментно прави увид на местото на несреќата, со што допрва се очекуваат дополнителни детали.