Oд денеска комуналците започнаа да ја чистат една од најголемите диви депонии во
Прилеп, позади касарната,  која е создавана повеќе години.

Комунален мешан отпад, градежен шут, отпад од градење, кревети, постели, јоргани,
пластика и пластични предмети, најлон, градинарски биоразградлив отпад се исфрлени
позади касарната. Диво создадената депонија започнува од крајот на улица „Ердован
Шабаноски“, и се чини како да нема крај каде завршува. Според градежните
оперативци од „Комуналец“, само од оваа локација треба да се исчистат и
транспортираат до депонијата во Алинци, над илајда метри кубни отпад.

Останува апелот од комуналците дека сиот отпад без разлика на количините го
собираат комуналните работници од домовите, освен градежниот шут за кој е потребно
корисниците да изнајмат трактор. Ка.М.