Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтерова магнитуда (три до четири степени според Европската макросеизмичка скала) е регистриран во Скопје, утринава во 9.09 часот. Епицентарот е од скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.