Со поддршка на Европскиот центар за финансиски и економски криминал на Европол, заедничката истрага помеѓу шпанската цивилна гарда и Дирекцијата за царински надзор и Републиканската национална гарда на Португалија, беше разбиена криминална мрежа вклучена во прекуграничен шверц на тутун.
На 16 февруари, повеќе од сто полицајци истовремено извршија рација на адреси од двете страни на границата, што резултира со приведени осуммина осомничени, запленети два тона режан тутун и ленти од тутун, заплена на повеќе од десет илјади фалсификувани цигари, заедно со опрема за сечење и сушење тутун, како и 37.800 евра во готовина.
Беа извршени претреси на имоти во провинцијата Севилја (Шпанија) и во градовите Коимбра, Лисабон, Леирија и Авеиро (Португалија).
Како што информираат од Европол, криминалците се осомничени дека нелегално внесувале од Шпанија во Португалија поголемо количество листови и ленти тутун наменети за производство на фалсификувани цигари. Оваа криминална мрежа имала капацитети за складирање и производство на тутун низ двете земји.
Се верува дека овие криминалци само во 2021 година прошверцувале над седум тони тутунски производи од Шпанија во Португалија.
Загубата на приходите генерирана од оваа незаконска активност во Португалија се проценува на над 163.000 евра.