фото: Пекселс
Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска околу два часот по полноќ на ул. „Васил Главинов“ во Скопје го лишиле од слобода Т.А. (37) од Скопје. Тој се сомничи дека во периодот од 22:15 часот на 9 февруари до 01:30 часот денеска со употреба на сила влегол во маркет на ул. „Васил Главинов“ и одзел повеќе предмети.
Тој, како што информира МВР, бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Предметите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.