Фото: МИА

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, го лишиле од слобода е Р.Р.(37) од Скопје. Во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка.

– На 5 јули 2022 околу 21 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Р.Р. фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства – соопштија од МВР.

По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази.