Двe лица се приведени во врска со денешното разбојништво во банка во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Во Скопје денеска се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12:35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар, кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените – се наведува во соопштението од МВР.
Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени.
Полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.