Полицијата рано утринава привела двајца дилери на подрачјето на Бит Пазар, соопштија од МВР.

На 08.01.2022 во 03,30 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.Ц.(28) и А.А.(31) двајцата од Скопје, откако кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.