Фото: Архива

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ денеска по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено во аптека во Прилеп. Имено, на 27 јули 2022 година И.З.(28) со закана со остар предмет кон вработената одзел пари.
На 3 август по добиена судска наредба полициски службеници ивршиле претрес во домот на И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и во службен разговор тој го признал делото. Денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во КПД Битола.

Ка.М.