Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, вчера на подрачјето на Аеродром, го лишија од слобода Г.С.(53) од Скопје кој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која му е одредена мерка притвор.

Како што соопштија од МВР, лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.