Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Е.З. (21) од село Грчец баран со меѓународна потерница од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради истрага за ОА „Планина“.

Како што информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено денеска околу 16 часот во Сарај и ќе биде предадено на надлежното обвинителство.