Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. По пријавата во полиција, додека траела проверката, вработените во објектите биле дислоцирани.

-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните – информираат од МВР.