Фото: Макфакс

Семејството на починатата Викторија Николова излезе на протест пред Кривичниот суд, заедно со роднини, пријатели и граѓани кои не се согласуваат со казната од три години за возачот што ја прегази на пешачкиот премин кај „Сити мол“. Со пароли „Правда за Викторија“, „Стоп за сообраќајното насилство“, „Убијци возачи – судии без совест“. Сестрата на починатата Викторија, смета дека пресудата е нереална.

Згрозени сме, пресудата е еднаква на ослободителна, реагира семејството на загинатата во сообраќајката кај „Сити мол“

– Бараме нова пресуда со реални очекувања. Нема да запреме тука. Доста беше тортурата и лудилото. За вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет – рече сестрата на Викторија Николова.

Обвинителство ја обжали пресудата за тешката сообраќајка кај „Сити мол“

Според адвокатот на семејството, пресудата од три години е неправда за сите и непочитување на институцијата Обвинителство и владеењето на правдата.

Фото: МИА

– Најголемата закана за правдата е неправда, ние кај нас во државата го имаме во изобилие тоа. Тоа го добивме и пред четири дена. Во предметот каде се расправаше за смртта на Викторија успеавме да видиме дека не се важни законите, ниту некој бара правда, ниту имаме владение на правото. Затоа за жал на улица бараме да се слушне гласот на анродот. Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. За дело каде казната е од 4 до 20 години, ние имаме казна под законскиот минимум. Сметаме дека тоа е апсолутна неправда, дека Апелација треба да го слушне гласот на народот и доказите во постапката – кажа адвокатот на семејството.

Се чувствувам виновен, многу се каам, призна возачот што прегази девојка кај „Сити мол“