Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20.30 часот добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со неговиот автомобил „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено возилото заглавено во снег. На П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.